Во 14-то коло на германското фудбалско првенство Борусија Менхенгладбах во неделата на домашен терен до 3:0 го победи Шутгарт, со што се врати на второто место со седум бодови помалку од водечката Борусија Дортмунд.
Головите за Борусија Менгхенгладбах ги постигнаа Рафаел во 69, Флориан Неухаус во 77 минута, а третиот погодок односно автогол го постигна гостинскиот играч Бенжамин Павард во 84 минута. Така Штутгарт остана во зоната за елиминации во понизок ранг, на 16-то место со 11 бодови.
Хановер на гостувањето кај Мајнц беше пред триумф , но ја прокоцка во финишот од дуелот. Хановер поведе од 12 минута со голот на Хендрик Бејданд, за во 89 минута Даниел Бросински да му донесе реми на Мајнц, кој со 19 бодови е на 10-то место. Хановер, пак, дојде до 10-от бод, но уште е во зоната на испаѓање, на 17-то место.
На врвот на табелата е Борисија Дортмунд со 36 бодови, а го следи истоимениот клуб од Менхенгладбах со 29 бодови. Актуелниот првак минхенски Баерн е трет со 27 бодови, а го следи РБ Лајпциг со 25 бодови.