Кога имаме став јавно го кажуваме, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски за „Нетпрес“, прашан за ставот на Владата во врска со останатите актуелни судски одлуки.
Тој на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристевска за Владата делува престрого во однос на стореното дело, со што покажа дека извршната власт коментира и се меша во судски одлуки.
Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите други прашања, така и за ова е отворена за дискусија со сите заинтересирани страни, рече Бошњаковски.
Бошњаковски за „Нетпрес“ на прашањето каков е ставот на Владата по однос на судските одлуки за поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка на МВР, Гордана Јаснкуловска и по хаотичните судски одлуки за градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, кратко одговори дека кога Владата има став јавно го кажува.