Кошаркарите на Бостон Селтикс ноќта кон неделата славеа на гости кај Чикаго Булс со 133:77, а овие 56 кошеви ралија се најубедливата победа во историјата на Селтикс, со кој ја израмнија најголемата победничка разлика на гостинска екипа во натпреварите од основата фаза во НБА лигата, и воедно им го нанесоа на Булс најтешкиот пораз откако постојат.
Уште самиот почеток на натпреварот во Чикаго навести во која насока ќе се движи дуелот, бидејќи Бостон во првите шест минути направи серија од 17:0, а на Булс за првиот кош од игра им беа потребни речиси седум минути. На полувремето Селтикс за минаа со предност од 21 поен, а потоа докрајот на мечот предноста на гостите само се зголемуваше. Бостон последната четвртина ја доби со 40:17.
Од неодамна именуваниот тренер на Чикаго, Џим Бојлен во последните 21 минута од мечот на паркетот ги испрати резервните кошаркари, а сите најдобри играчи ги седна на клупата. Седим играчи на Бостон имаа двоцифрено постигнување, а ги предводеше Џејлен Браун со 23 коша. Учинок на кариерата имаше германскиот центар Даниел Риес со 22 кошеви, 10 скокови и 5 асистенции, додека Џејсон Тејтам постигна 18 кошеви.
Тексашката пресметака во Далас заврши со победата на домашните Мавериск од 107:104 над Хјустон Рокитс, за што најголема заслуга има Словенецот Лука Дончич. Гостите во последните три минути од мечот влегоа со осум кошеви предност (102:94), а тогаш новиот играч на Далас ги зема работите во своите раце и за помалку од две минути вра три „тројки“ и дури 11 последователни поени со кој домашните поведоа со 105:102 во последните 57 секунди. Единствениот кош за гостите во последните три минути ги постогна Џејмс Харден, кој дуелот го заврши како најефикасен на теренот со 35 кошеви и 8 асостенции, но во последната четвртина постигна само четири поени.
За разлика од Харден, пак, Дончич имаше многу лоша вечер до завршницата од мечот кога постигна 11 од вкупно 21 кош. На тоа додаде седум скокови и само една асистенција. Словенецот до последните три минути за „тројка“ гаѓаше 0 од 4, а потоа ги погоди сите три обида. Дотогаш Далас се влечеше преку Весли Метјус кој постигна 21 поен и Деандре Џордан со 12 кошеви и 20 скокови. За Маверикс по 14 пооени постигнаа и Харисон Барнс, Џејлен Брансон и Дорина Фини-Смит, а тимот беше и без Денис Смит, што победа ја прави уште позначајна.
Хјустон во Далас го доживеа 14-от пораз сезонава и со сооднос од 11 победи и 14 пораи е на претпоследното место во Западната конференција. А станува збора за екипата којашто минатат сеона загуби само 17 дуели во главниот дел и ја испушти предноста до 3-2 во победи во финалето за првак на Западната конференција против подоцнежните шампиони на НБА лигага, Голден Стејт Вориорс.
Вориорси, пак, не играа изминатата ноќ, но на новата табела на Западната конференција се најдоа на врвот, блгодарејќи на изненадувачкиот пораз на дотогаш водечките Денвер Нагетс на гостувањето кај Атланта Хоук. Домашните поведоа со 106:98, иако Нагетс уште во првата четвртина имаа предност од 15 поени. Но, играта на гостите се распадна во третата четвртина.
Најдобар учинок во кариерата имаше Џон Колинс кој ги предводеше Хоукс со 30 кошеви, 12 скокови и 5 асистенции. Деандре Бембри додад 18 поени, а 41-годишниот Винс Картер уште 13 поени за победниците. Никола Јокиќ со 24 поени, 11 скокови и 7 асистенции беше најдобар кај Денвер.
Како и Нагетс, втор последователен пораз доживеаја и Лос Анџелес Клиперс, и тоа пред своите навивачи. Мајами Хитс славеа со 121:98, откако последната четвртина ја добија со 30:8. Во својот 1.000-ти натпревар во НБА лигата, Двејн Вејд со 25 кошеви, 6 скокови и 6 асистенции беше најдобар играч на мечот. Џастис Винслоу постигна 21 кош за победниците. Кај Клиперс најдобар беше Тобијас Харис со 20 поени. Ж
Во дуелот на екипите со ист соодност (15-10), Лос Анџелес Лејкерс беа преголем залак за домашните Мемфис Гризлис, кои ги победија со 111:88. До полувремето Лејкерс побегнаа на 23 коша разлика, а пред крајот на третата четвртина се искачи на плус 29 (91:62). Гостите ги предводеше Леброн Џејмс со 20 поени, 8 скокови и 9 асистенции, а Кајл Кума постигна 20 кошеви, 9 скокови и 6 асистенции.
Во многу изедначената Западна конференција, Лејкерс со 16-10 сега се на петтото мести, со ист број побнеди како и Клиперс (16-9) и Оклахома Сити Тандерс со (16-8), и само две победи зад водечките Голден Стејт Вориорс со сооднос 18-9.
Портланд Трејлблејерс, кој има сооднос 15-11, до победата на домашен паркет стаса победувајќи ги Минесота Тимберволфс со 113:105. Мечот го реши најдобриот играч на домашните, Демиен Лилард кој во неизвесниот финиш погоди „тројка“ за водство 108:105 на почетокот од последната минута, а пота му асистираше за „тројка“ на СиЏеј Меккалам кој ја запечати победата на Портланд, Лилард го заврши мечот со 28 поени, 8 скокови и 6 асистенции. Минесота ја водеа Ендрју Вигинс со 20 кошеви, Карл-Ентони Тоунс со 19 поени и 10 сковои и Дерик Роуз со 18 пени и 9 асистенции.
Во Источната конференција се издвоија Торонто Рапторс со 21 победа и 6 порази, како и Филаделфија 76ерс со сооднос 18-9м, а пота следи израмнета група екипи во која се Милвоки Бакс (16-8), Индијана Пејсерс (16-10) и Бостон Селтикс (15-10).
Пејсерс синоќа стасаа до третата последователна победа, ги победија на домашен терен Сакраменто Кингс. Сакраменто беше рамноправен до 40 минута при резултат 84:83, но Индијана потоа направи серија од 16:2 за четири минута и побегна на недостижна предност.
Виктор Одалипо и натаму седи на клупата но без опрема, а во тој случај Индијана до успесите доаѓа со колективна игра. Речиси осум играчи имаа двоцифрен учинок. Тадеуш Јанг даде 20 коша со 9 скокови, Бојан Богдановиќ 18 кошеви, а по 14 поени постигнаа Дарен Колинс и Домантас Сабонис. Сакременто ги водеше Бади Хилд со 20 поени.