Братот на иранскиот претседател Роухани осуден на 5 години затвор

Иранскиот претседател Хасан Роухани (л) и неговиот брат Хосеин Ферејдун

Братот на иранскиот претседател Хасан Роухани, Хосеин Ферејдун, е осуден на пет години строг затвор по процесот воден за корупција, објавија во вторникот официјални извори во Техеран.

На Хосеин Ферејдун, седумгодишната неправосилна затворска казна, му е намалена на пет години, изјавил Голамхосеин Есмаили, портпрол на иранското правосудство на прес-конференција.

„Станува збор за конечна пресуда, против којашто повеќе нема можни остапки“, додал Есмаили без да прецизира дали Ферејдун сѐ уште е на слобода.

На Ферејдун, исто така, му е одредено и плаќање глоба и враќање на сумите мито кои ги примил, додал портпаролот, исто така, без да прецизира за колкави износи станува збор.

Братот и советник на иранскиот претседател Хасан Роухани, беше уапсен во јули 2017 година поради вмешаност во неколку коруптивни афери. Беше обвинет и за финасирање кривични дела, но ослобден е ден по апсењето со кауција од околу 9,3 милиони долари, како што пишуваа неколку локални медиуми. Процесот против Ферејдун започна во февруари годинава.

Иранскиот претседател и неговиот брат немаат исто презиме, бидејќи Роухани го променил во својата младост со термин кој означува „свештеник“.