Бразил со пресврт славеше над Венецуела, за Аргентина освои само бод против Парагвај

Репрезентацијата на Бразил синоќа славеше на гостински терен против Венецуела со 1-3 во мечот од 11. коло во квалификациите за Светското првенство.

Бразилците триумфираа иако Венецуела успеа да им зададе сериозно проблеми во првото полувреме поведувајќи со голот на Рамирез во 11. минута.

Се чинеше дека домашните ќе можат да ги шокираат Бразилците, но гостите во второто полувреме дојдоа до пресврт со головите на Маркињос во 71. минута, Барбоса во 85. минута од пенал и Антони во петтата минута од судиското продолжение.

Аргентина, пак, не успеа да триумфира на гостувањето против Парагвај одигрувајќи натпревар без голови. Ист резултат беше и на дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.

Екварод со 3-0 славеше против Боливија, додека Перу пред своите навивачи со 2-0 го совлада Чиле.