Светскиот издавачки бренд ГВ Педиа го носи брендот „Best of“ во Македонија преку
публикацијата “Best of Macedonia” во која се објавуваат најзначајните современи достигнувања,
културни и уметнички знаменитости на земјата, како и приказните за најуспешните индивидуалци,
организации и компании во земјата. Со ова Македонија се вклучува на групата од 50 земји каде
публикацијата е веќе издадена, а книгата ќе биде и дел од пошироката публикација „Proudly
„Global Village Partnerships бара области кои се во развој и имаат вредни и исклучителни приказни кои вреди да се споделат преку меѓународна платформа. Македонија е една таква земја, земја во развој со разновидна, но недокажана историја. “ вели Свен Боерместер, основач на Global Village Partnerships и издавач на публикацијата.
Во прилог на печатеното издание, книгата во електорнски формат се објавува и на страната на
www.GVPedia.com каде што милиони посетители од целиот свет ќе имаат пристап до содржините.
„Книгата се издава на англиски јазик и на тој начин се прави достапна за читатели од различни
земји. Веќе правиме претселекција на содржините, личностите и компаниите кои ќе се најдат во
изданието за Македонија. Целта е да се издаде книга која ќе биде репрезентативна за земјата и
на она што има да го понуди на културен, уметнички и бизнис план,“ вели Елеонора Венинова,
уредник на книгата за Македонија.
„Ова се приказни за најдоброто од Македонија – компаниите и организациите кои ќе бидат
претставени во книгата се вистински водачи во нивната област. Резултатот е исклучителен
корпоративен подарок и ПР/Маркетинг алатка за владите, корпорациите, хотелите, мажи и
жени од различни профили кои создаваат водечки услуги и производи во регионот“ – додава таа.
Македонија е трета земја од Балканот која ќе биде застапена со своја публикација. Вакви книги
веќе се подготвуваат во Албанија и Србија, а од европските земји веќе се издадени книгите
за Белгија (две изданија), Данска, Велика Британија и други, а во јуни ќе биде промовирана и
книгата “Best of Paris”.