
Британец освои речиси 115 милиони фунти на националната лотарија во Велика Британија. Извлекувањето на џекпотот од „Евромилиони“ беше организирано на првиот ден од 2019-та година.
Тоа е четврта по големина освоена сума во историјата на Велика Британија.
Најголемата награда на лотаријата „Евромилиони“ во Велика Британија во 2018 година и трета најголема лото награда на сите времиња е 121 милиони фунти.
Во британската историја најголема награда за лотарија е џекпотот на „Евромилиони“ во износ од 161 милиони фунти, која е освоена во 2011 година, а во август 2012 година освоени се над 148 милиони фунти.
Евромилиони/EuroMillions се игра во девет земја – Велика Британија, Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.