Британија ја дала првата доза од вакцината на 17,6 милиони луѓе, Русија ги вакцинира бездомниците

Повеќе од 17,6 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината против Covid-19 во Велика Британија, според официјалните податоци во неделата, додеак истовремено Русија започна со имунизација на бездомниците.

Официјалните податоци покажуваат дека во Велика Британија уште 215 луѓе починале во рамките на 28 дена од позитивниот тест, што е пад во однос на 445-те смртни исходи во саботата. Во неделата пријавени се 9.834 новозаразени, наспроти 10.406 во сабота.

Четириесеттина бездомници се вакциниррани во неделата против Covid-19 во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, објавија локалните невладини организации и активисти кои ја поттикнаа оваа иницијатива.

„Кај нас има многу луѓе коишто се во ризичните групи, ваќно е да бидат вакцинирани“, изјавила Таисија Суварова, челничка на невладината организација Ночлејка која се грижи за бездомниците во Санкт Петербург.

Според официјалните податоци, во поранешната царска престолнина Санкт Петербург со над пет милиони жители, има близу 15.000 бездомници.