Британија е веројатно пред третиот бран на епидемијата на Covid-19

Членот на научното здравствено советодавно тело при британската влада, професорот Рави Гупти изјави во понеделникот дека гледа почетокот на третиот бран на заразата со Covid-19 поради ширењето на индискиот сој на коронавирусот.

Професорот Гупта, тврди дека Велика Британија се наоѓа во „раниот трет бран“ на епидемијата, кој го поттикнала индиската варијанта на вирусот.

Во емисијата „Today“ на четвртата програма на радиото BBC, дали настапил третиот бран на заразата во Велика Британија, професорот на Универзитетот Кембриџ одговори потврдно.

„Да, забележан е експоненцијален раст на бројот на новите случаи, а најмалку три четвртини отпаѓаат на новата варијанта“, рече Гупта.

„Секако дека во овој момент бројот на случаите е релативно низок, сите бранови започнуват со мал број случаи а потоа стануваат експлозивни, па тука клучно е дека она што го гледаме се знаци на раниот бран“, додава професорот.

Гупта истакна и дека „веројатно ќе биде потребно повеќе време“ до поголемо ширење на заразата, поради „доста високото ниво на вакцинирање меѓу популацијата, така што извесно време може да постои лажно чувство на сигурност, а тоа е нашата грижа“.

Во прилогот BBC наведува дека професорот Гупта, исто така, рекол и дека укинувањето на рестриктивните мерки, предвидено за јуни, би требало да се одложи „за неколку седмици, додека не се соберат повеќе податоци“.

Конечното укинување на рестриктивните мерки со што би престанало секое ограничување на собирањата на отворени и во затворени простори, британската влада го планира за 21-ви јуни.

Министерот за природна средина Џорџ Јустис, пак, за BBC изјавил дека владата не може да ја отфрли можноста за одложување на планираното укинување на рестриктивните мерки.