Италија, Шпанија и Велика Британија објавија во неделата најмал број починати од коронавирусот во последните 24 часа уште од март.
Како што објави британскиот министер за земјоделство и природина средина, Џорџ Јустис на прес-конференцијата во неделата во последното деноноќие се забележани се 413 смртни исходи, со што досега во Велика Британија досега од Covid-19 починале 20.732 луѓе.
Според Јустис, 152.840 луѓе се позитивни на коронавирусот, но бројот на новозаразените и примените на одделите на интензивна нега се намалува.
Станува збор за дефинитивно за надолен тренд во бројот на лицатра кои се хоспитализирани со коронавирусот, рече директорот на Државната здравствена служба (NHS) за Англија, Стивен Поувис.
„Сега имаме дефинитивен тренд на намалување на бројот на луѓето во болниците. Тоа најмногу се гледа во Лондон, но и на други места. Тоа покажува дека нашето почитување на социјалното дистанцирање се покажа ефикасно, тоа ја намалува трансмисијата и ширењето на вирусот“, рече Повис.
Министерот за надворешни работи Доминик Рааб, кој го менува премиерот Борис Џонсон кој во понеделник треба да се врати на работа по заздравуањето од Covid-19, истакна дека станува збор за „деликатна и опасна фаза“, како и дека е неодговорно да се шпекулира со детали за олеснување на карантинот, бидејќи тоа би ја разводенило пораката дека граѓаните треба да останат во своите домови.
Италија
Италија во неделата регистрирала 260 смртни случаи во последните 24 часа, што е најниската бројка од 14-ти март. Оттогаш оваа земја секој ден бележеше повеќе од 300 смртни исходи, а кулминација беше кога на 21-ви март беа регистрирани 793 починати.
Италија е третата земја во светот според бројот заразени, речиси 200.000 пациенти, а втора според бројот на починатите – повеќе од 26.000 лица. Бројот на новозаразените сепак е малку зголемен од саботата кон неделата по шесте денови пад, и тоа за 256 пациенти.
Премиерот Џузепе Конте во интервјуто за неделното издание на дневниот весник La Repubblica најави дека Италија повторно ќе отвори некои производствени дејности на 4-ти мај во рамките на ублажувањето на карантинот, а училиштата ќе бидат отворени дури во септември. Додаде дека мерките ќе бидат претставени најдоцна на почетокот од следната седмица.
Шпанија
Во Шпанија епидемијата на коронавирусот однесе во последните 24 часа 288 животи, што е најниската бројка во оваа земја од 20-ти март, објави министерството за здравство.
Вкупниот број починати сега е 23.190 луѓе во земјата којашто забележа најголемот број смртни исходи од Covid-19 по САД и Италија, но којашто започна со попуштање на карантинските мерки, дозволувајќи им на децата првпат по март да излезат од домовите.
„Во моментов го зацврстуваме падот на бројот на заразените“, изјави министерот за здравство Салвадор Иља.
Сега бројот новозаразени се зголемува од 0,8 отсто од ден в ден, додека на 14-ти март кога беше проглесен карантинот се зголми за 35 отсто во однос на претходниот ден.
Франција
Франција во неделата објави дека бројот на новите смртни случаи продолжува да забавува, со 242 нови смртни исходи во последните 24 часа. Вкупно од Covid-19 во оваа земја се потврдени 22.856 починати.
Се намалува и бројот пациенти на одделите за интензивна нега, што се толкува како добар знак пред постепеното попуштање на карантинот планирано за 11-ти мај.
Францускиот премиер Едуар Филип во вторникот пред пратениците во Народното собрание треба да го презентира планот за овој процес.