Британија со остар раст на рекордни 53.135 новозаразени од коронавирусот

Британската влада во вторникот извести за 53.135 нови случаи на заразата со коронавирусот во последните 24 часа, што е најголем број откако кон средината на годинава започна со масовното тестирање на населението и претставува остар раст во однос на претходниот рекорден показател од 41.385 нови коронаинфекции во понеделникот.

И бројот на смртните исходи како компликации предизвикани од Covid-19 е највисок во последните 28 дена и во вторникот изнесуваше 414 наспроти 357 починати во понеделникот, а од почетокот на епидемијата во Обединетото Кралство вкупно починале 71.567 луѓе.

Велика Британија во моментов се соочува за новиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, за кој научниците предупредуваат дека многукратно е позаразен и побрзо се шири меѓу населението.

„И натаму бележиме голем број новозаразени во цела Велика Британија, што е извонредно загрижувачки, особено затоа што болниците ни се преоптоварени“, изјави за медиумите Сузан Хопкинс, виша медицинска советничка за јавно здравство.

Додаде дека некои бројки коишто се однесуваат на растот на бројот на случаите е толку висок поради задоцнетите резултати поради божикните празници, но дека „главно се одраз на стварното зголемување“.

Како што беше најавено денеска, британскиот министер за здраватво Мет Хенкот во среда треба да ги објави новите информации за новите рестриктивни мерки кои ќе се воведуваат засебно од регион до регион поврзани со епидемијата на коронавирусот.