Во Велика Британија каде последните денови ресте бројот на случаите на зараза со коронавирусот, во вторникот се пријавени 1.610 смртни исходи, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата, покажуваат податоците на министерството за здравство.
Севкупно во Обединетото Кралство, кое има најголем број смртни исходи во Европа, од почетокот на пандемијата починале 91.470 луѓе како последица од компликациите кои ги предизвикува Covid-19, а кои починале во текот на 28 дена по позитивен тест, се прецизира во соопштението на министерството.
Во последните 24 часа регистрирани се 33.355 новозаразени, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на пандемијата се искачи на 3.466.849 лица.
Во карантин по третпат од почетокот на јануари, со здравствен систем кој е под силен притисок, Велика Британија се соочува со растот на бројот на заразите кои се припишуваат на новиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2 кој се појави кон почетокот на декември, а кој според процените на експертите се смета за многу позаразен од оригиналната варијанта на вирусот.
Со надеж дека постепено ќе ги попушта рестриктивните мерки, британската влада ја отпочна амбициозната програма за масовно вакцинирање, со цел до средината на февруари да имунизира 15 милиони луѓе, почнувајќи од медицинскиот персонал и повозрасните од 70 години.
Според податоците на министерството за здравство, повеќе од 4,26 милиони луѓе до понеделникот ја примиле првата доза од факцината на „Pfizer/BioNTech“ или на „AstraZeneca/Oxford“, од почетокот на капмањата за вакцинирање. Велика Британија, прва на Западот на 8-ми декември започна со вакцинирањето против коронавирусот, а досега со две дози се вакцинирани повеќе од 456.000 луѓе.
Кога станува збор за раширеноста на заразата, секое осмо лице во Англија било заразено со новиот коронавирус во декември, што е повеќекратно повеќе отколку еден месец претходно кога секое 11-то лице било заразено поради ширењето на новиот позаразен сој, објавено е во истражувањето кое е објавено во вторникот.
Истовремено во Велс било заразено секое 10-то лице, секое 13-то во Северна Ирска и секое 11-то во Шкотск, објави Националното биро за статистика (ONS).