![red arous britanija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/red-arous-britanija.jpg?resize=619%2C372&ssl=1)
Голем скандал избувнал во Кралските воздухопловни сили (RAF) на Велија Британија, откако пилоти на елитната група „Red Arrows“ се осомничени за злоставувања, сексуални вознемирување на жени, пијанства… пишува весникот Times.
Според весникот, повеќе од 40 припадници на пилотската групација сведочеле за „токсичната“ атмосфера во британското воено воздухопловство, како дел од внатрешната истрага започната ланскиот декември. Притоа, се забележува дека на претпоставените жртви им било забрането да зборуваат за тоа што се случува во групацијата, со закани дека ќе бидат отпуштени од воздухопловните сили. На тој начин челниците со години се обидувале да ги сокријат поплаките за да го сочуваат имиџот на пилотската групација.
Вкупно, според сознанијата на весникот, во текот на истрагата биле евидентирани најмалку 13 случаи на можно неприфатливо однесување. Се наведува како пример дека една од 40-те жени кои биле сослушувани за постапките на пилотите изјавиле дека женските регрути во елитниот пилотски тим биле перцепирани како „свежо месо“ и биле вознемирувани во пораки преку социјалните мрежи.
„Некои од мажите заземаат раководни позиции. (Воздушната група) Ја водат бело женомразци“, го цитира весникот еден од своите соговорници.
Покрај тоа, членовите на групата се обвинети и дека имаат проблеми со алкохолот, иако претставници на воздухопловните сили рекле дека немало случаи пилотите да летаат во алкохолизирана состојба.
Конечниот извештај во врска со случајот требало да биде завршен во мај, но постојано е одложуван и засега не се знае кога ќе бидат познати резултатите од него, пишува Times.
„Кралската воздухопловство нема толеранција за неприфатливо однесување и се преземаат мерки доколку се докаже дека се сторени прекршоци“, изјавил портпаролот на RAF.
Претходно во британските медиуми се појавија информации дека во британското Кралство воено воздухопловство престанале да регрутираат бели мажи поради постигнување на целта на етничка и родова различност во армијата, што го демантираше Министерството за одбрана.
Подоцна одговорната за приемот на нови регрути во RAF, авијацискиот вицемаршал Марија Бајфорд изјави дека е „забавено“ регрутирањето на сите нови кандидати, откако се покажало дека воздухопловните сили не ги исполнуваат потребните цели за етничка и родова разновидност меѓу припадниците. Притоа истакна дека советот „нема нужно“ да ги фаворизира жените и етничките заедници пред белите мажи.