Британски извештај: Во руското вооружување најдени над 450 странски компоненти

Повеќе од 450 странски компоненти се пронајдени во руското вооружување користено во Украина, што според британскиот безбедносен тинк-тенк Royal United Services (RUSI) докажува дека Русија во годините пред војната клучната технологија ја набавувала од американските, европските и азисктие компании/

Украинската војска на западните земји им ги доставува парчињата руско вооружување, исправно или делумно уништено до кое доаѓа на боиштето. Откако биле анализирани 27 видови вооружување, од крстосувачки ракети до противвоздушна одбрана, покажале дека употребеното оружје претежно зависи од западни компоненти, се тврди во извештајот објавен во понеделникот.

Доколку е точен а не дел од антируската пропаганда која британското разузнавање ја води уште пред војната во Украина, станува збор за најдетален приказ на наводната зависност на руската војска од западните компоненти за водењето војна.

Така, во извештајот се тврди дека две третини од тие компоненти, се произведени во американските компании. Речиси четвртина од сите пронајдени компоненти ги произведуваат американските „Analog Devices“ и „Texas Instruments“, кои сепак се базираат на ретки материјали чии најголеми извозници се Кина и Русија. Делови руската армија набавувала и од Јапонија , Јужна Кореја, Велика Британија, Германија, Швајцарија и Холандија, се додава во извештајот.

„Руското вооружување коешто критично зависи од западната електроника довело до смрт на илјадници Украинци“, изјави Џек Вејтинг, експерт за копнено војување во RUSI.

Не постои процена колку резерви од таквите компоненти би можела да поседува уште руската војска, што секако би ги ограничила нејзините дејствија. Но се наведува дека дел од тие компоненти може да се најдат и во апаратите за домаќинства, па не се предмет на санкциите, наведуваат од RUSI советувајќи да се засилат санкциите за на Русија да ѝ се „отежне снабдувањето со оружје“.

На пример, руската крстосувачка ракета која во британскиот извештај е наведена како „9М727“, која лета ниско и ги избегува радарите при нападите врз целите на стотици километри оддалеченост, содржела 31 странска компонента.

На прашање на Reuters до американските компании „Texas Instruments“ и „Advanced Micro Devices“, како и на „Cypress Semiconductor“ која сега е во сопственост на германската „Infineon AG“, како нивите делови можеле да се најдат во руското оружје, компаниите одговориле дека ги почитуваат трговските санкции и дека престанале да продаваат компоненти во Русија.

Голем дел од тие компоненти чинат само неколку долари, а руските компании би можеле да ги набавуваат на интернет пред инвазијата во Украина, преку домашни и странски дистрибутери, бидејќи тие се користат и за невоени цели.

Меѓутоа, најдоцна до 2014 година повеќе од 80 западни најважни микрочипови беа ставени на листата за забрана за извоз во Русија. Компанијата кои ги извезувале имаа одговорност да ја проверат продажбата и да ги известат надлежните власти за да бидат сигурни дека нивните производи нема да бидат користени во воени цели, тврдат од RUSI.

Се тврди, исто така, дека наводно истражувањето покажало колку Русија и натаму е зависна од странските микрочипови за речиси целото свое вооружување, од дронови до муниција со виска прецизност, и колку наводно западните земји биле спорни во ограничувањето на рускиот пристап до тие технологии, особено по превратот во Киев во 2014 година и почетокот на граѓанската војна во Украина.

САД по почетокот на украинската војна од 24-ти февруари објавија санкции чијашто цел е слабеење на руската економија, финансискиот и енергетскиот сектор со цел да се ослаби способноста на руската војска. Тоа вклучуваше и дополнителна забрана за продажба на микрочипови, на што се приклучија Јапонија, Тајван и Јужна Кореја, кои се сметаат за клучни играчи во овие технологии.

Британскиот извештај наведува дека Русија во моментов наводно се обидува да обезбеди нов синџир на снабдување со западни микрочипови. Голем број од компонентите ги набавува преку дистрибутери од Азија, како оние од Хонгконг, тврдат до RUSI.