Долниот дом на британскиот парламен во саботата го изгласа амандманот на пратеникот Оливер Летвин со кој се одложува гласањето за договорот за истапувањето на Обединетото Кралство од членството во Европската унија кој премиерот Борис Џонсон го постигна во четвртокот со Брисел и парламентот нема да гласа за овој предлог денеска.
Поранешниот конзервативен пратеник Оливер Летвин, кој го поддржуваше договорот за брегзит кој го постигна претходната премиерка Терез Меј а кој британските пратеници трипати го отфрлаше, сега тврди дека го поддржува договорот за брегзитот на Борис Џонсон, но дека предложениот амандман е осигурувањет дека премиерот нема да може да го спроведе договорот доколку нештата се променат до 31-ви октомври.
За прифаќање на амандманот гласаа 322 пратеници, додека 306 беа против.
Амандманот на Летвин го одложува гласањето за договорот што ќе се случеше денеска, доколку амандманот не беше прифатен, сѐ додека не се исвои законска рамка која тоа го овозможува. Сега парламентот најрано во вторникот ќе гласа за договорот на Џонсон.
Премиерот Џонсон повтори дека нема повторно да преговара со ЕУ. Рече дека следната седмица ќе предложи законски предлои потребни за британското излегување од ЕУ на 31-ви октомври.
„Нема со Европската унија да преговорам за одложување, ниту законот ме присилува тоа да го сторам“, рече Џонсон по гласањето. И во воведниот говор во парламентот пред гласањето не постојат причини за ново одложување, како и дека „натамошното одложување е бесмислено“, како и дека ЕУ не е заинтересирана за натамошно одложување.
Додаде дека резулатот од гласањето за амандманот е „многу тесен“, како оти се надева дека пратениците ќе го поддржат договорот со „големо мнозинство“.
Челникот на опозициските лабуристи Џереми Корбин порача дека премиеор мора „да се придржува на законите“ и да побара од Брисел одложување на брегзитот.
Прифаќањето на договорот во парламентот е само првиот дел од критериумот е потребен за ратификација на договорот. За ратифакацијата да биде завршена, потребо е изгласување и на законот до 31-ви октомври.
Доколку пратениците го прифатата новиот договор, Џонсон може да го спроведе планот за раздружувањето на 31-ви октомври. Доколку биде одбен, пак, британскиот премиер би можел да бара дозвола на 31-ви октомври да ја изведе Британија од ЕУ без договор.
Северноирската Демократската унионистичка партија (DUP), која инаку ја поддржува владата на Џонсон и има 10 пратенции, најави дека нема да го поддржи договорот, како и опозициските лабуристи од кои 20-ина сепак го поддржуваат договороот, Шкотската национална партија (SNP) и либералните демократи.
Британскиот параламент брои 650 пратеници, а за рафикијацијата се потребни 320 пратеници. За договорот ќе гласаат 639 пратеници, имајќи предвид дека пратениците од севернмоирскиот Шин Фејн не учествуваат во работата на парламентот, а претседателот на парламентот и неговите тројца заменици немаат право на глас.
Конзервативвците во парламентот имаат 288 пратеници и немаат мнозинство самим, а лабуристите имаат 244 пратеници но во петокот беше најавео дека најмалку девет од нив ќе го поддржат договорот за брегзитот. Меѓу лабуристите постои и поголема група од 20 пратенции кои сакаат Британците да излезат од ЕУ со договор.
Доколку Џонсон не го добие гласањето за договорот и не добие поддршка за излегување од ЕУ, законот од него бара да напише писмо до Брисел во кое бара уште време за преговори, со што брегзитот ќе се одложи до 31-ви јануаро 2020 година.