![Brexit-866574](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/Brexit-866574.jpg?resize=590%2C350&ssl=1)
Властите во Велика Британија мораат итно да ја регулираат употребата на вештачката интелигенција во однос на работниците и работодавачите кои често го кријат нејзиното користење во носењето важни одлуки, предупредија во четвртокот британските синдикати.
Управите на компаниите сѐ почесто користат алгоритми на вештачката интелигенција при вработувањата, отказите и секојдневното носење одлуки во работата а законите доцнат, предупреди Конгресот на синдикатите (TUC) во соопштението издадено денеска.
Пандемијата на коронавирусот само го забрзала овој тренд, истакнуваат синдикатите. Така, истражувањето коешто е спроведено во јули минатата 2020 година, а опфатило речиси 10.000 компании во 30 европски земји, покажало дека 42 отсто од нив користат барем една технологија на вештачката интелигенција, а 18 отсто планираат да ја воведат во употреба во следните две години.
Алгоритмите често се користат во избор на кандидадите за интервју за работа, оценување на ефикасноста на работникот, изработка на распоредот за сменско работење и за утврдување на вишокот работници, истакнуваат од британските синдикати.
На вработените, пак, во многу случаи им се прикрива улогата на алгоритамот во носењето на одлуките кои влијаат на нив и често немаат можност да ги оспоруваат таквите одлуки, истакнуваат уште од TUC. Напомнуваат и случаи во кои вештачката интелигенција им дава предност на мажите пред жените, ги казнува етничките малцинства и носи просудувања за луѓето врз основа на изразот на нивното лице.
Најголемата интернет продавница „Amazon“ во 2018 година беше принудена да престане да го користи системот на вештачката интелигенција при вработувањето, бидејќи беше утврдено дека ги преферира мажите, а истражувачите ја доведоа во прашање и точноста на софтверот кој ги анализира изразите на лицето за да ја процени соодветноста на кандидатот за одредена работа, потсетува Reuters.
Вештачката интелигенција може и да ја подобри ефикасноста на трудот, да ја гарантира платата по учинок, а не според полот и да спречи прекумерен замор на работниците кои работат со тешки машини, велат експертите.
„Доколку правилно се користи, вештачката интелигенција може да го подобри светот на трудот. Доколку се користи погрешно, може да биде извонредно опасна“, предупредуваат во соопштението адвокатите за трудово право Робин Ален и Ди Мастерс, автори на извештајот.
Конгресот на британските синдикати сооопшти дека работодавачите треба да бидат натерани да се советуваат со синдикатите пред да го воведат системот на вештачка интелигенција кој влијае врз платите и другите клучни одлуки во работниот процес. Стручњаците сметаат дека тоа би можело да бдие корисно се сите.
Другите предложени реформи, пак, го вклучуваат правото на работниците да ја преиспитуваат секоја одлука којашто ќе ја донесе вешетачката интелигенција.
„Без праведни прописи, користењето на вештачката интелигенција на работните места би можела да резултира со разгранета дискриминација и неправеден однос, во прв ред кон работниците на несигурните работни последици и оние во гиг економија“, изјави генералната секретарка на TUC, Френсис О’Греди.
Во адвокатската канцеларија „AI Law Consultancy“ предупредуваат дека „постојат граници кои не смее да се минат за трудот да не се дехуманизира“ и ги истакнуваат „големите дупки“ во британските закони.
Британската влада соопшти дека ќе води сметка за тоа законите да понудат за решенија за проблемите кои ги отвораат користењата на новите технологии.
„Вештачката интелигенција би требало да се користи за поддршка на работниците и општествата и да го олесни трудот и да ја подобри неговата ефикасноста“, соопшти портпаролот на владата во Лондон.