Британските советници предупредуваат дека е прерано за ублажување на мерките

Велика Британија, а особено Англија би можела повторно да ја загуби контролата над епидемијата на коронавирусот, бидејќи започнува со ублажување на досегашните мерки а притоа нема сеопфатна оперативна програма за дејствување, предупредија во саботата тројца научни советници.

Премиерот Борис Џонсон најави претпазливо почнунување на попуштањето на досегашните мерки од понеделник, со помош на системот за масовно тестирање, следење и изолација кој беше ставен во функција во четвртокот.

Меѓутоа членови на научното советодавно тело на британската влада предупредуваат дека овој систем сѐ уште не е целосно оперативен, како и дека постои опасност дека нема да може да се справува со околу 8.000 нови случаи на заразата колку што се забележани надвор од болниците и во домовите за стари лица.

Џон Едмундс од Лондонскиот колеџ за хигиена и тропска медицина, воедно и член на Научната советодавна за итни состојби (SAGE), изјави дека владата ризикува со ваквата одлука.

„Системот за тестирања, следење и изолации е покренат во четвртокот, па не можеме да бидеме сигурни дека е ефикасен, а и покрај тоа се носат одлуки за промени. Мислам дека тоа е доста опасно“, изјави Едмундс за телевизијата Sky News.

На неговата изјава реагираа уште двајца членови на SAGE, Питер Хорби, претседател на советодавната група за опасност од новиот респираторен вирус (NERVTAG) и Џереми Фарар, директор на Wellcome Trust.

Притоа Хорби рече дека Велика Британија не може да си дозволи можност од губење на контрилата над вирусот.

„Ние навистина не можеме да се вратиме на состојбата во која имавме толкав голем број заболени и умрени. Вражањето на состојбата во која ја губиме контролата над болеста е далеку полош избор од седмица или две мерки на физичка изолација“, изјави Хроби за BBC.

Семдат дека системот за тестирања, следење и изоалција сѐ уште не е целосно оперативен, што претставува ризик кога станува збор за натамошен развој на состојбата со коронавирусот во земјата.