Брнабиќ ги повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат врз Приштина

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја повика меѓународната заедница да реагира на, како што наведе, новите провокации од страна на властите во Приштина.

Како што беше објавено на веб -страницата на Владата на Србија, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го воздржат Албин Курти“.

Посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последен момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина“.

„Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и нѐ носи на работ на хаосот“, предупреди Брнабиќ.