Брнабиќ: Македонија не може да почне со вакцинација, не ја регистрирале вакцината и немаат план за вакцинација

Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Работиме со нив. Проблем може да биде тоа што тие добија вакцини „Фајзер“, но тие не биле регистрирани, истакна српската премиерка Ана Брнабиќ, во интервју за „Happy TV“.

Како што појасни таа, поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, туку има многу повеќе работи зад завесите, како регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација…

„Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат да аплицираат за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, вели Брнабиќ, која воедно информираше дека утрово, ја надминале бројката од 50. 000 вакцинирани лица – информираше Брнабиќ.