Драматичен раст на бројот на заразените со коронавирусот во Словенија се зголеми на 57

Бројот потврдени случаи на заразени лица со новиот тип коронавирусот Covid-19 во Словенија во средата за кусо време драматично се зголемил според последните податоци и пораснал на 57 лица, изјави во средата попладнето на прес-конференција министерот за здравство Алеш Шабедер.

„Во Словенија денеска до 14 часот имаме 57 потврдени случаи на коронавирусот, досега се тестирани 2.270 лциа“, ојбаи на Twitter словенечката влада.

Од вторникот вечерта бројот на новите потврдени случаи драматично пораснал за 23 новозаразени, што е најголем дневен пораст на заболените досега.

Новите случаи потврдени се денеска, според министерот Шабедер и на гинеколошката клиника на УКЦ во Љубљана, каде што се воведени строги превентивни мерки за заштите на пациентите и вработените.

Во Љубљанскиот регион досега се потврдени 27 случаи, 12 случаи има на подрачјето на Долењска и Бела Крајина, што е поширокото подрачје на Ново Место, по три во Штаерска чиј центар е Марибор, и на словенечкото Приморје чиј центар е Копер, а двата последни случаи се регистрирани во Прекумурје, со центар во Морска Собота, појасни Шабедер. Директорката на словенечкиот Институт за јавно здравје, Нина Пирнат, изјави дека во меѓувреме е потврден и еден случај на зараза меѓу станарите во дом за стари лица во Метлика, во Бела Крајина.

Освен импортираните случаи на внесување на вирусот во земјата, кој го донеле лица кои престојувале во странство, се зебележуваат и секундарни, терцијални и квартарни случаи на пренесување на инфекцијата во Словенија, појасни Пирнат.

Шабедер додаде дека мерката на затворање на границата со Италија за патниците кои доаѓаат од оваа држава сѐ уште не започнала да дејствува, но дека се подготвуваат мерки за „спроведување осмислен и спроведлив надзор над здравствената состојба на патниците“. Контролните пунктови на границата со Италија, во таа смисла ќе бидат поставени на шест места по должината на границата. Тоа се граничните премини Ретече, Робич, Шкофије, Вртојба, Фернетичи и Крав поток, додека остнатите премини ќе бидат затворени.

Од денеска за координација за спрведување на мерките за превенција од коронавирусот, задолжен не началникот на слуќбата за Цивилна заштите, Сречко Шестан, кој рече дека штабот на службата во оперативен состав ќе започне со активностите во четврток, како и дека очекува дејствување на групите за поддршка, во прв ред од здравствените стручњаци.

Љубљанскиот дневен весник Delo наведува дека една пратеничка во парламентот, која престојувала во Италија на скијање во време на ширењето на заразата, ќе остане во домашна изолација поради соменвање на коронавирус, а истото се однесува и на две службенички во парламентот.

Словенечките медиуми во средата пишуваат дека е отворено прашањето како граѓаните ќе реагираат на фактот дека во словенчките детски градиники во граничното подрачје со Италија се запишани неколку десетици деца кои во градинките ги носат нивните родители Италијанци.

Училиштата и детските градинки во Словенија и натаму работат, бидејќи се смета дека фазата од развојот на ширењето на коронавирусот во земјата уште е под контрола, но денеска првентивно на две седмици е затворено основното училиште во местото Камник, крај Љубљана, бидејќи вчера со тест е потврдено дека една од учителките е позитивна на инфекцијата.