![2673921](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/2673921.jpg?resize=696%2C480&ssl=1)
Во Словенија до 14 часот во понеделникот вкупно има 442 лица заразени со коронавирусот, што е за 28 лица повеќе отколку во истиот период од денот во неделата, објави словенечкото министерство за здравство.
Три лица кај кои е потврдена заразата со коронавирусот починале, а биле во поодмината возраст и имаче други потешки хронични болести. Од оваа семица предност во тестирањето на коронавируст имаат лицата повозрасни од 60 годин, и оние со ослабен имунитет и со хронични болести, а препораките е таквите лица кои сѐ уште се во производствен процес да се повлечат како високоризични на инфекција.
Најмногу заразени и натаму се на подрачјето на центарлните региони, вклучителни и на главниот град Љубљана, потоа во југоисточните региони Ново Место, Черномељ, Метлика, а дено од жариштата е општината Шмарје при Јелшах, во областа на Цеље, Во центарлната област од земјата има околу 150 потврдени случаи, а во југоисточната 60-ина.
Во последните 24 часа со тест е потврден коронавирусот кај 28 лица, а вкупно досега е изведени 13.812 тестирања, според податоците на Националниот инситут за јавно здравје (NIJZ) на Словенија.
Во Универзитетскиот клинички центар (UKC) во Љубљана се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 8 се на одделот за интензвина терапија, објави денеска владата на својот прифил на Twitter. Во Мариборскиот UKC, пак, хоспитализирани се 11 заразени, од кои на одделот за интензивна нега, потврдија од втората по големина болница во Словенија. Потешките случаи се хоспитализираат во болницата Голник кај Крањ. Покрај тоа, болницата во Цеље, исто така е предвидена за хоспитализации, и во овие два дена примила двајца заболени од коронавирусот.