Бразилските здравствени власти известија во средата за 39.924 нови случаи на зараза со коронавирусот, со што вкупниот број заразени се приближи на два милиона, а претседателот Жаир Болсонаро извести за позитивен резултат на неговото повторно тестирање на новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Од почетокот на епидемијата во Бразил со коронавирусот се заразени 1.996.748 лица, од кои вкупно починале 75.366 луѓе. Само во последните 24 часа регистрирани се 1.233 смртни исходи.
Истовремено ноќта кон четвртокот по средноевропско време претседателот Жаир Болсонаро за телевизијата CNN Brasil дека неговиот втор тест на коронавирусот бил позитивен.
„Претседателот Жаир Болсонаро му соопшти на CNN дека новиот тест на Covid-19 дал позитивен резултат“, се наведува во прилогот.
Болеста првпат беше дијагностициран кај бразилскиот челник на 7-ми јули, по што беше изолиран во службената резиденција дворецот Алворада. Болсонаро за медиумите изјави дека се чувствува добро и не чувствува недостиг од здив или губењето на сетилото за вкус, и оти нивото на оксигенација во крвта кај него е 98 отсто.
Болсонаро претходно рече дека е „заморен“ од тоа што поради болеста останал дома и оти смета по една седмица да се врати целосно на работа ако се „ослободи“ од вирусот.
Шеесет и петгодишниот Болсонаро редовно ги критикуваше рестриктивните мерки кои ја ограничуваат трговијата и службите во борбата против ширењето на коронавирусот, и се залагаше за ткн „вертикална изолација“, кога само граѓаните изложени на ризик порди хронични болести и над 60 години треба да останат дома. Во март бразилскиот претседател дека ниеден коронавирус не би можел да го собори, и болеста ја нарче „мал грип“.