Товарен брод кој превезувал повеќе од 3.000 тони пченка од Украина се насука во четвртокот во Истанбул, запирајќи го пловењето преку Босфор, што е првиот ваков инцидент од потпишувањето на договорот во јули за извозот на житарки од блокираните украински црноморски пристаништа.
Кабинетот на гувернерот на турската метропола Истанбул и компанијата истакнаа дека бродот „Lady Zehma“ со должина од 173 метри е безбедно вкотвен по проблеми со кормилото околу 16 часот по средноевропски време. Во инцидентот нема повредени, се додава.
Прамецот на бродот бил на околу 150 метри од брегот на посетениот кварт Бебек, според податоците на ресурсот Refinitiv Eikon и очевидци. Крајната дестинација на „Lady Zehma“ е италијанското пристаниште Равена.
По попишувањето на договорите на Москва и на Киев со Обединетите нации и Турција како посредник, Русија прави безбедни коридори за пловидба од три украински црноморски пристаништа кои беа минирани од страна на украинската војска непосредно пред почетокот на војната, по кои пловат бродовите со украински житарки.
До средата согласно споменатиот договор од Украина се извезени 1,55 милиони тони житарки и други прехранбени производи.