Еве како да направите брза летна манџа. Состојките во приложениот рецепт се за 4 порции, а ќе ви бидат потребни само околу 15 минути за да го приготвите ова јадење…
Состојки:
- 10 пиперки
- 2 домати
- 3 кромиди
- 1 лук
- 2 мали лажички сол
- Црн Бибер
- Магодонос
Подготовка:
Исечете го кромидот ситно и ставете го да се пржи во претходно загреано тенџере со маслиново масло. Исчистете ги и исечкајте ги пиперките на покрупни коцкички, а доматите ставете ги 5 минути во топла вода за поедноставно да ја ислупите лушпата.
Откако кромидот ќе стане проѕирен, ставете ги пиперките и малку динстајте, а потоа залејте со млака мешавина од 2 децилитри вода и една лажичка вегета. Посолете и додадете лук.
Излупете ги доматите, исечкајте ги на ситно и ставете ги во тенџерето. Варете околу 10 минути. Посолете, ставете биб ер и магданос и тоа е тоа… Пријатен ручек…
Доколку сакате наместо традиционално со сирење, оваа манџа можете да ја послужите и со варен ориз или кус кус.