За подготовка на овој десерт ќе ви бидат потребни само 15 минути.
Состојки:
- 2 чаши брашно
- 4 лажици шеќер
- ½ прашок за печиво
- Малку сол
- 1 јајце
- 1 чаша млеко
- Половина чаша масло
- 2 реда млечна чоколада
- 3 лажици шумско овошје
- кокос
Подготовка:
Промешајте ги сите суви состојки, а посебно изматете го јајцето со маслото, потоа додадете млеко и во тоа ставете 3 лажици шумско овошје… Течната смеса налејте ја во сувите состојки и полека промешајте неколку пати со жица за матење…
Калапите претходно треба да се премачкаат и да се загреат во рерна на 180 степени. Наполнете до 2/3 од калапите со смесата. Печете околу 20 минути…
Кога ќе се оладат мафините прелејте ги со стопена чоколада и декорирајте со кокос…