Унгарката Силвија Бедо-Наѓи дознала дека ја родила ќеркичката Напсугар откако се разбудила од индуцирана кома по повеќе од еден месец подоцна, откако заболела од Covid-19 и добила тешко воспаление на белите дробови.
Кога кај младата жена кон крајот на минатата година бил дијагностициран Covid-19 била во високиот стадиум од бременоста и била испратена дома во карантин. Но состојбата ѝ се влошила и е вратена во болница.
„Не можев да дишам. Излезе дека тоа било воспаление на белите дробови“, изјавила Беди-Наѓи за Радио Слободна Европа од својот дом во руралното гратче Хатван.
Била префрлена во Будимпешта, и Напсугар, што на унгарски значи „Сончева светлина“, е родена со Царски рез. Силвија ја ставиле на респиратор, потоа на механички бели дробови и на крајот во индуцирана кома.
Додека таа била во болница, нејзиниот сопруг Јозеф Бедо се грижел за нивната ќеркичка, стравувајќи дека сопругата можеби нема да преживее.
Унгарија има најмногу починати од Covid-19 во светот на 100.000 жители според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, а според истиот извор во некои болници дури 80 отсто од пациентите на респоратор не преживеале.
Меѓутоа, околу католички Божик лекарката го повикала Јозеф и му соопштила дека неговата сопруга се разбудила од кома.
„Лекарката рече дека сопругата сака да ме види. Следниот ден ја посетив. Беше будна и кога нешто ќе ја прашав ми одгвораше со очите“, вели Јозеф.
Новогодишната ноќ 2020 година било првпат Силвија да се сеќава дека била будна, но сѐ уште не знаела што се случило,.
„Немав поим што се случува. Покажував на својот стомак да прашам кога сум родила… Тогаш лекарката рече дека детето е родено пред извесно време“, вели Бедо-Наѓи.
Лекарката Бела Меркели вели дека Бедо-Наѓи бил фасцинантен, необично комплициран случај. Сега таа е дома со својот сопруг и ќеркичката и добро закрепнува.