На средбата број два меѓу овие два тима, одиграна синоќа во Подгорица, екипата на Будиќност го совлада актуелниот АБА шампион Црвена звезда со 63:57 со што црногорскиот првак се избори за мајсторка која ќе решава кој тим ќе игра во финалето.
Борис Савовиќ со дабл-дабл ефект од 15 поени и 11 скока, заедно со Немања Гордиќ кој придодаде 12 поени, беа најзаслужните за победата на Будуќност.
Во гостинскиот состав, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Марко Гудуриќ со 17 постигнати поени.
Според календарот решавачкиот меч меѓу овие два тима треба да се игра на 4 април во Белград, додека два дена порано (2 април) во Загреб, својата „мајсторка“ ќе ја одиграат Цедевита и Партизан по што ќе биде познат и првиот финалист во АБА лигата.