Бугарија ќе усвојува документ со конкретни задачи за Македонија

Една од првите обврски на преодната бугарска влада ќе биде да се усвои писмен документ во кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски што произлегуваат од билатералниот дијалог со Македонија.

– Непосредните задачи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија вклучуваат усвојување писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски – изјавил техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков за БГНЕС.

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан, одржување и надградба на она што е постигнато во последните месеци во однос на европскиот пат на Македонија, како и фокусирање на вниманието кон партнерите од ЕУ и НАТО партнери и кон други проблеми поврзани со безбедноста во регионот се задачите кои бугарското Министерство за надворешни работи ги смета за важни.