Бугарија на барање на САД блокирала „милион евра“ дознаки коишто венецуелската државна нафтена компанија ги извршила преки оваа земја, што е во спротивност на американските санкции против оваа латиноамериканска земја, соопшти во средата бугарскот државно обвинителство.
Софија замрзна сметка отворен во една бугарска банка преко кој парите од венецуелската државна нафтена компанија PDVSA ги дозначувала на други земји, додаде главниот бугарски државен обвинител СотиЦаЦр Цацаров.
„Станува збор за милиони евра“, рече директорот на бугарската државна агенција за безбедност, Димитар Георгиев, на прес-конференцијата во Софија.
„Бугарија по предупредувањето на Вашигнтон ги проверува сите банкарски системи за да утврди дали биле извршени и други преноси на пари од Венецуела и дали исбосите се испратени во странство“, додаде Георгиев.
САД воведе санкции против Венецуела, каде што на власт е владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, и го поддржува претседателот на парламентото Хуан Гуаидо кој на 23-ти јануари се самопрогласи за привремен претседател на земјата кого го признаа педесетина земји во светот.
„Целта е да се осигури богатството на венецуелскиот народ да не се оттуѓи во полза на режимот“, рече во средата американскиот амбасадор во Софија, Ерик Рубин.
Според бугарскиот државен обвинител, сомнителна е банкарската сметка кои опфаќа и деривирани сметки, која ја отворил бугарски адвокат со двојно државјанство.
„Пренесувањата од оваа сметка намаат никаква врска со адвокатската дејност“, рече Цаваров. Адвокаткот кој може да биде гонет за „перење пари“, во моментов не бил во Бугарија, додаде обвинителот.
Карлос Папарони, претседател на комисијата за финансиии на венецуелското Наордно собранием, близок на Гуауидо, објави во неделата на Twitter дек PDVSA се обидела да „оттуѓи пари“ преку Бугарија.