Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев остро реагираше во понеделникот на изјавата од ден претходно на македонската министерка за образование, Рената Дескоска дека нема да се менуваат историските факти во учебниците.
Ковачаев побара да се променат, односно разгледаат учебниците по историја во Македонија и Бугарија.
„Вака нема да се разбереме со поранешните комунисти на Тито. Не може да се продолжи со лаги во книгите, како во Македонија, така и во Бугарија“, напиша Ковачев на својот профил на Facebook.
Mинистерката за образование, Рената Дескоска, вчера изјави дека ќе се поправат сите грешки кои постојат во учебниците, но дека историските факти нема да се променат.
На 1-ви август минатата година, бугарскиот и македонскиот премиер, Бојко Борисов и Зоран Заев, во Скопје го потпишаа Договорот за добрососедство и соработка, кој го критикуваше македонската опозиција, како лош по националните и државни интереси.