По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби, вицепремеирот на Бугарија, Валериј Симеонов во петокот поднесе оставка.
„Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам, туку за владата за која мислам дека е многу успешна“ – рече Симеонов на прес конференцијата.
Вицепремиерот, кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите „врескави жени” и рече дека шпекулираат преку своите болни деца.
Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов, кој објасни и дека сам ја поднесува, а не под притисок на премиерот.