Централноафриканската Република (ЦАР), втората најнеразвиена земја во светот според процените на Обединетите нации, го воведе биткоинот како офицајлна валута, покрај франкот CFA, и го легализираше користењето на критповалутите, соопшти во средата претседателскиот кабинет, и стана првата африканска земја којашто се реши на таков чекор.
Народното собрание „едногласно“ го прифати законот за „критповалути во Централноафриканската Република“, а претседателот Фаустин Аршанж Туадера го потпиша, се наведува во соопштението на државниот министер и директорот на претседателскиот кабинет Обеда Намси, во кој се додава дека ЦАР е „првата африканска земја која го воведува биткионот како референта валута“.
Салвадор во 2021 година беше првата земја во светот која го воведе биткоинот како легална валута, што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) веднаш го осуди како одлука „опасна за финансиската стабилноста, за целовитоста на финансискиот систем и за заштита на потрошувачите“.