Во синоќешната емисија „ Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што истакна дека целосна реформа во судството и правосудството мора да има, дека е потребен рестарт и целосно форматирање бидејќи граѓаните не веруваат во институциите.
„Колку што имаме информациии околу 500 милиони евра има директно за реформи во правосудството. Но, таму има партиска битка, таму се клановски, партиски битки, што ние го зборуваме со години, дел од медиумите го прикажуваат тоа, но гледам и дека самата фела овој период се чувствува мизерно, одвратно и не можат ништо веќе да одбранат. Не се брани веќе ова и тие два проценти што се рејтинг за судството јас не верувам дека ќе опстојат. Мислам дека нема рејтинг судството и правосудството“, нагласи Мисајловски.
Потпретседателот Мисајловски нагласи и дека кога ВМРО-ДПМНЕ доставува кривични пријави тие брзо се отфрлаат, за потоа да не може за истото дело да се поднесе кривична пријава. Мисајловски кажа и дека ВМРО-ДПМНЕ има спремно многу кривични пријави и одговорност мора да има.
„Многу пати на терен како ВМРО-ДПМНЕ излеговме и доста луѓе доаѓаат морам да признаам има прашања директно за ова едно интересно прашање од граѓанин, ќе го спомнам овде вели зошто ВМРО ДПМНЕ не поднесува кривични пријави за Бехтел за Енка за се. Но кога ВМРО-ДПМНЕ доставува кривични пријави тие брзо се отфрлаат за потоа да не може за истото дело да се поднесе кривична пријава. ВМРО-ДПМНЕ има спремно многу кривични пријави. Има доволно спремно кривични пријави за сите оние што направиле дела, но нема да ги доставува се додека не се реформира судството. За што? За да им помогнеме некој да не одговара? Верувајте не, мора да има одговорност за тие што погрешиле“, рече Мисајловски.
Мисајловски додаде и дека целосна реформа во судството и правосудството мора да има, дека е потребен рестарт и целосно форматирање.
„Целосна реформа и реизбор во судството мора да има. Вие гледате на последниве конкурси што се случува повторно, пак роднини и пријатели на луѓето од СДСМ и ДУИ ќе станат обвинители и ќе станат судии. И покрај тоа што имаме од стратешкиот партнер изјави да не се прави тоа, тоа се прави. И никој мува не го лази од власта, тоа е проблемот. Ако нема целосна реформа, јас велам рестарт или форматирање целосно, има чесни судии и адвокати но обичниот граѓанин не верува. Не верува и не можа да си заврши работа“, нагласи Мисајловски.