Цената на гасот во Европа на отворањето на берзата скокна за 10,6 отсто

Цената на гасот во петокот на отворањето на лондонската специјализирана берза ICE порасна за 10,6 отсто во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот, на ниво над 1.100 долари за илјади кубни метри.

Цената на терминските договори (јучерсите) за февраури на референтскиот холандски гасен јазол TTF порасна на 1.121 долар за илјда кубни метри гас, односно 94,5 евра по мегаватчас.

Некои аналитичари, избегнувајќи го фактот дека европските подземни складишта ја дочекаа празни сезоната на зголемена побарувачка на гасот, сметаат дека растот на цените во петокот се реакција на пазарот на изјавите на рускиот заемник министер за надворешни работи Сергеј Рјабков од ден претходно, кој рече дека САД и нивните сојузници во НАТО „под никакви околности и од која и да е причина“ не се подготвени да ги исполнат барањата на Русија за склучување заемен правно обврзувачки договор кој ќе ја гарантира стабилноста и безбедноста на Европа. Рјабков исто така порача дека Москва ќе надје алтернатива доколку се оствари новата закана на Вашингтон за нови санкции против енергетскиот, технолошкиот и финансискиот сектор на Русија.

Други аналитичари, повторно избегнувајќи да ја споменат причината за летошното празнење на европски складишта во продажбите на течниот природен гас (LNG) на поскапите пазари во Јужна Америка и особено во Азија, сметаат дека терминските договори во хабот TTF не ја одразуваат вистинската цена на физичките испораки во Европа. Притоа, не го споменуваат и фактот дека западноевропските земји одбија склучување долгорочни договори по пониски цени за испораки на гасот со Русија, и инсистираат на краткорочни договори и берзанско тргување што самото посебе влијае врз растот на цената на енергенсот.

Според рускиот енергетски гигант „Газпром“, кој е најголемиот снабдувач на Европа со природен гас, просечната цена на извозот на гасот според договорите на подолг период склучени во текот на 2021 година изнесува 280 долари за илјада кубни метри гас.

На 21-ви декември 2021 година, берзанската цена на гасот во Европа првпат во историјата надмина 2.000 американски долари за илјада кубни метри, поттикната од претстојното студено време и ненормално ниските резерви во европските подземни складишат. Но, следните деново, во прв ред поради затоплувањето, цените беа коригирани, како и поради соопштенијата за наводно засилено производство на електрична енергија од ветролектраните и вестите дека бројот на танкерите за LNG од САД во Европа се зголемил за третина. Сепак, тоа не наоѓа објаснување кај аналитичарите за сегашниот скок на цената на гасот.