Цената на нафтата WTI го заврши тргувањето во минус од речиси 38 долари

Цената на мајските испораки на лесната сурова нафта од марката WTI (West Texas Intermediate), во понеделникот на њујоршкиот пазар NYMEX го заврши тргувањето во историскои минус од 37,63 долари, односно пад за 300 отсто.

Проблемот на физичките испораки значително влијаат врз падот на цените.

Овој вид лесна сирова нафта, која е една од мерилата за формирањето на цената на нафтата имаше просечна цена од 57 долари за барел во минатата 2019 година, а 64 долари во претходната 2018 година.

Во понеделникот мајските фјучерси на WTI го урнаа историскиот анти-рекорд прво паѓајќи на нула долари, а потоа влегоа во неготивнaта област. Ваквата сензацинален пад беше делумно предизвикан и поради тоа што вторникот е последниот ден за продажбата на оваа сорта нафта за испораките во мај. Истовремено со остриот пад на побарувачката, и капацитетите за складирање на нафтата речиси се исполенти на светско ниво, односно достигнати се рекордните нивоа на резерви.

Според телевизијата CNBC, цената на нафтата WTI никогаш не достигнале негативни вредности во историјата на САД. Една од главните причини за тоа се смета стравувањата дека Соединетите држави за кусо време нема да имаат доволно простор за складирање на енергенсот. Сепак цената на испораките на WTI во јуни варираа во понеделникот околу цената од 20 американски долари за барел.

Истовремено во понеделникот вечерта на лондонскиот пазар ICE цената на фјучерсите за нафтата од сортата WTI за испораките во мај се тргуваа по негативни вредност до пред 22 часот. Во текот на вечерното тргување, цената на мајските фјучерси на WTI нафтата достигна минус 40,32 долари за барел.

Истовремено цените на јунските фјучерси на WTI паднаа на 20,85 долари за барел, што е намалување од 16,7 отсто во однос на претходниот трговски ден, додека цената на сортата Brent загуби 7,9 отсто, односно падна на 25,86 долари.

Пандемијата на коронавирусот која има разорно влијание врз глобалната економија, предизвика рекорден пад на побарувачката на суровините поради стопираните производствени активности. Центите на нафтата, покрај тоа, се на удар и поради неможноста на групацијата на Организацијата на земјите извознички на нафата (OPEC) и групата независни големи производители предводени од Русија, позната како OPEC+, да се усогласи за продолжувањето на договорот или параметрите за натамошно намалување на производството, што треба да придносе за запирање на падот на цената на „црното злато“.

На почетокот на април, цените почнаа да растата по соопштението за постигнатиот договор, по разговорите меѓу саудискиот крал Салман и рускиот и американскиот претседател Владимир Путин односно Доналд Трамп. Според овој договор, намалувањето на производството во наредните два месеца треба да се задржи на новото од 9,7 милиони барели дневно. Сепак, тоа не помогна за стабилизирање на цените на нафтата на меѓународните пазари, бидејќи Меѓународната агенција за енергија (IAE) и OPEC предвидуваат натамошен рекорден пад на побарувачката на енергенсот.