Цената на струјата што ја регулира РКЕ нема да се зголеми, изјави Бислимoски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во интервју за Слободен печат изрази уверување дека на први јули оваа година, РКЕ во рамките на своите надлежности нема да дозволи поскапување на електричнагта енергија.

„Во делот кој го регулира РКЕ, односно за цената за пренос на електрична енергија, и цена на оператор на пазар, одговорно тврдам дека ќе нема никава промена затоа што ние кажуваме и ние регулираме. На другите работи не можеме да влијаеме. Но, можам да ветам дека таму каде ние регулираме, ќе нема никаква промена“ рече Бислимовски.
Тој објасни и зошто одредени домаќинства месецов добиле повисоки сметки за електрична енергија и повика граѓаните да поднесат приговори, по што сметките ќе им бидат коригирани.

„Бидејќи не може операторот на диструбивниот систем сите броила одеднаш на 31ви да ги отчита, направена е проценка. Кај голен број на домаќинства таа проценка е погрешна, односно не е толкава потрошувачката и поради тоа има зголемени трошоци за електрична енергија, не поради цената, туку поради количината. Има жалби кај нас и 90% од тие жалби ние ги прифааме и го тераме операторот на дистрибитивниот систем, да најде начин да ја стави реалната состојба, бидејќи се гледа дека е ставена некоја состојба на броилото која  по пет и до десет дена по издавањето на фактурата, домаќинството се уште не ја достигнало. Така што граѓаните кои се незадоволни можат да поднесат барање до РКЕ, но мора преку ЕВН, затоа што тоа е управна постапка и доколку ги исполнуваат тие услови, ќе биде намалена нивната сметка“, посочи Бислимоски.