Цените на енергинсите за домаќинствата во Австрија се зголеми за рекордни 42,4 во март во споредба со истиот период претходната 2021 година, соопшти во четвртокот австриската агенција за енергетика.
Според идексот на цените на енергијата (EPI), цените на енергијата за домаќинствата пораснале за 14,5 отсто во однос на февраури. Така, австриските домаќинства плаќале за струја за 16,6 отсто повеќе отколку отколку една година порано, а 1,3 отсто повеќе отколку во февраури, се наведува во соопштението на агенцијата.
„Порастот на цените на горивата и на мазут кој го видовме во мар е нешто ново“, вели Франц Ангерер, извршен директор на агенциајта..
Цените на мазутот, како што се наведува, пораснале во март поради руско-украинската војна, повеќе од двојно во однос на март 2021 година, растејќи за 118,5 отсто. Во однос, пак, не претходноит месец февраури годинава, растот изнесувал 51,5 отсто.
Според австриската агенција, продолжил и расто на цените на горивата. Така, дизелот чинел 55 отсто повеќе во однос на истиот период ланската година, а премиер бензинот за 45,3 отсто повеќе. Споредено со февраури годинава, дизелот поскапел за 23,8 отсто, а бензинот за 19,4 отсто. Полнењето резервоар од 50 литри чини сега околу 35 евра повеќе за дизелот отколку во март 2021 година, а околу 30 евра за премиум бензинот.
Се додава и дека во март природниот гас бил бил поскап за 73,1 отсто од претходната година. Во однос на февруари, овој енергенс поскапел за 5,6 отсто. Тоа влијаело и врз зголемување на цената на централното затоплување која скокнала за 12,2 отсто во однос на март 2021 година, а останала непроменета во однос на февраури.