CERN отпушти научник поради изјава за жените

Европскиот институт за нуклеарно истражување CERN одлучи во четвртокот да ја прекине соработката со италијански научник кој изјави дека физиката е за мажите и ги обвини жените дека се вработуваат на сметка на рамноправноста со машкиот пол.

Професорот Алесандро Струмиа, италијански научник од универзитетот во Пиза, ја дал споменатата изјава по повод одржувањето на работилница која ланскиот септември во Женева ја организираше CERN на тема „Теоријата на високите енергии и полот“.

Повеќе научнички кои учествувале на таа работилница го обвиниле потоа на социјалните мрежи за сексистички изјави. CERN потоа ја прекинал соработката со професорот. Во четвртокот е објавено дека кончено било одлучено институтот да остане на таквата одлука.

„По сопствената истрага (…) CERN одлучи да му го одземе на професорот статусот предавач“, наведува институтот во соопштението. Покрај тоа, од CERN потсетуваат дека универзитетот во Пиза во јануари му изрекло на Струмиа јавна опомена.

Струмиа во својата презентација, којашто ја илустрирал со дијаграми, дијапозитиви и табели, рекол дека мажите се изложен и на сѐ поголема диксриминација на полето на физиката. Тврдел дека сѐ поголемата улога на жените на работи поврзани со физиката не е резултат на нивните квалификации, туку сѐ почестите расправи за родовата рамноправност. „Физиката ја измислија и изградија мажите, во неа не се влегува на покана“, напишал на еден дијапозитив.

На чело на CERN во 2016 година првпат застана жена, Италијанката Фабиола Џаноти. Во последните десет години процентот на жени вработени во институтот незначително пораснало, и нивниот удел во персоналот и натаму не е повисок од 20 отсто.