Чадиковски и официјално си замина од кај Жан Митрев, заедно со двајца анестезиолози

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска и официјално го доставил отказот и спогодбено го раскинал договорот со приватната болница на Жан Митрев. Во исто време уште двајца анестезиолози од тимот на Чадиковски си заминуваат од болницата, а по нив најверојатно ќе следи заминување и на другите членови на тимот кои од Клиниката за детска хирургија, преку прокетот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.

Нејасно е како понатму ќе тече проектот, кој ќе ги оперира бебињата до една година ставајќи го својот потпис на тие операции на срце, кога таму веќе детски кардиохирург веќе нема, а Чадиковски е единствениот лиценциран во државата.

Во Лекарската комора потврдуваат дека само Чадиковски има лиценца за детска кардиохирургија.

Од тие причини несајно е како Министертвото за здравство планира да го продолжи проектот и најави дека операции кај деца таму ќе се изведуваат непречено и без Чадиковски.

Надлежните не откриваат колку ја чини државата овој проект на јавно приватно партнерство, кој очигледно сега останува да биде само приватно. Кој е бенефитот на  државата од овој проект? Колку пари се заштедени досега и зошто се зголемени цените на услугите за операции кај деца од кога започна овој проект.