Храната и физичката активност се секако двата најважни елементи за изгледот на нашата фигура, но има и напитоци кои можат да влијаат на нашиот метаболизам, а со тоа и на фигурата.
Чајот од нане освен што го смирува дигестивниот тракт, му помага на желудникот да ги апсорбира маснотиите. Има диуретско дејство, го поттикнува метаболизмот и го намалува апетитот. Се истакнува и како одлична помош при одржување на хигиената на усната празнина, а со својот мирис совршено го освежува здивот.
Друг чај кој се препорачува е зелениот чај.
Благодарение на катехините, полифеноли кои ги содржи зелениот чај, тој е одличен избор за засилено согорување на маснотиите. Пожелно е да се пие пред вежбање за да се интензивира топењето на масните наслаги.
Освен тоа, зелениот чај го намалува холестеролот и ризикот од канцерогени заболувања, одлична помош е кај дијабетесот, во намалувањето на стресот и за заштита на забите од вирусни инфекции.