Најдобар чај за јакнење на имунитетот- направен од само 3 состојки, штити од вируси, грип и настинки

Чајот со векови се користи во природната медицина како лек за разни болести, особено за зајакнување на имунитетот со цел да се спречат вируси, грип и настинки.

Природата ни дава прекрасна можност да правиме чаеви од различни комбинации на растенија за различни здравствени проблеми и состојби. Така, на пример, чајот од жалфија се препорачува за болки во грлото, а чајот од маточина за смирување.

Во текот на есента и зимата се зголемува ризикот од вируси, грип и настинки, затоа чајот во студените денови е задоволство кое помага за зачувување на здравјето и зајакнување на имунолошкиот систем.

За зајакнување на имунитетот особено се препорачува комбинација од растенија со антивоспалителни својства, а ние ви пренесуваме рецепт за познат индиски чај направен од само три состојки.

Босилекот, коренот на сладунец и каранфилчето се главните ѕвезди на овој пијалок.

Каранфилчето е ароматично растение кое содржи бројни витамини и минерали, а главното соединение еугенол го зајакнува имунитетот и го штити организмот од неповолни бактерии и инфекции.

Босилекот се користи за зајакнување на имунитетот, болки во грлото, астма и настинки, додека сладунецот му помага на телото да се заштити од микроби и алергени, намалувајќи го ризикот од алергии и инфекции.

Како да се подготви чај за зајакнување на имунитетот?

Количина за две шолји чај:
Во две шолји зовриена вода истурете 1/2 лажичка корен од сладунец во прав, 1/2 лажичка зелен чај, 3-4 чешниња и 4 до 5 листови свеж босилек. Оставете го да отстои околу 5 минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со рамна лажичка мед.