Покрај потребата од национален одговор во идентификувањето и сузбивањето на криминалните мрежи и управувањето и заштитата со мигрантите, потребна е итна акција во рамките на Обединетите нации и Европската унија за да се изгради кохерентен и сеопфатен пристап за справување со предизвиците кои произлегуваат од миграцијата. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков во интервју за „Прес24“, потенцира дека илјадници мигранти зад границата со Грција прават обид за влез во Македонија, територија која се користи како транзит.
-Силен е и секојдневен е притисокот со кој се соочуваме од јужната граница со Република Грција. Стотици мигранти на дневна основа прават напори да ја поминат грчко-македонската граница, значи ни доаѓаат од држава членка на ЕУ и преку Република Македонија и Србија, транзитираат низ Република Унгарија на патот на крајна дестинација. Значи ние сме на транзитната рута со уште две европски држави – членки на ЕУ, вели Чавков во интервјуто за „Прес24“.
Полициската акција во Ваксинце е само дел од континураниот процес за сузбивање на криминалните активности за крумчарење. Заклучно со мај МВР има документирано 59 дела криумчарење на мигранти во кои се пријавени над 80 сторители. Тоа се повеќе од два случаја неделно со три осомничени лица. Чавков вели дека полицијата имала информации за Ваксинце и пред тој случај д ас епојави во странските медиуми, но потенцира дека за интервенција на полицијата е потребно доволно докази за комплетирање на делото.
-Некогаш нашите сознанија се поклопуваат со сознанијата на медиумите. Некогаш ние имаме повеќе информации, а некогаш медиумите се пред нас. Важно е да знаеме дека справувањето со овој проблем претставува заеднички интерес и затоа неопходно е да соработуваме. Во однос на Ваксинце, полицијата имаше одредени сознанија и пред истите да бидат објавени во странските медиуми, како што имаше и за други места. Впрочем кривичните пријави се процесуирани на целата територија. Сепак, нашето делување се разликува од работата на медиумите. Ние мора сериозно и темелно да ја анализираме и обсервираме секоја ситуација и потоа да делуваме заради обезбедување докази. Како и во сите досегашни случаи, така и во Ваксинце настапивме во моментот кога анализите ни покажаа дека ризикот е најмал, а ефектите најдобри, вели министерот за внатрешни работи во интервјуто за „Прес24“.
Целото интервју прочитајте го на Прес24