Челниците на американското и британското разузнавање предупредуваат за „загрозеност на светскиот поредок“

Челниците на централните разузнавачки служби на САД и на Велика Британија, во саботата во заеднички текст за весникт Financial Times наведуваат дека продолжувањето на политиката за поддршка на борбата на Украина против Русија е поважно од кога и да е, и истакнуват дека разузнавачкото партнерство им помага на САД и Велика Британија и натаму да предводат во сѐ понеизвесниот свет.

Во авторскиот текст се наведува дека пред две години беа одбележани 75 години од партнерството на двете слжуби, односно 75 години од основањето на амриканското разузнавање сега познато како (CIA) во 1947 година, но се истакнува дека поврзаноста меѓу разузнавачите на САД и Обединетото Кралство досегаат уште подалеку во минатоото, „поблиску до основањето на SIS во 1909 година, кога првпат светот бил сведок“ на ужасот на насилството во Европа.

Коментарот го напишаа директорот на американската Централна разузнавачака агенци ја (CIA), Вилијам Барнс и Ричард Мур, шеф на британската тајна разузнавачка служба (SIS), и првиот заеднички текст на шефовите на двете разузнавачки служби.

Мур и Барнс наведуваат дека Обединетото Кралство и САД се „соочуваат со низа невидени закани и дека целиот светски поредок е под најсериозен притисок од Студената војна“.

Посебно внимание посветуваа и на војната на Русија во Украина, притоа опишувајќи ја Кина како главен разузнавачки и геополитички предизвик на XXI век.

Ја допираат и тајната работа што ја вршат нивните агенции, како што тврдат, за да се обидат да ја намалат можноста за поширок конфликт на Блискиот исток и открија дека МИ6 и ЦИА работат без престан за да постигнат прекин на огнот во Појасот Газа.

Покрај тоа, повторно ја потенцираат заканата од ултрадарикалната сунитска организација Исламската држава.

„Нема сомнеж дека меѓународниот светски поредок, балансиран систем кој доведе до релативен мир и стабилност и овозможи зголемување на животниот стандард, можностите и просперитетот, е под закана на начин невиден од Студената војна“, тврдат првите разузнавачи на Вашингтон и Лондон.

Што се однесува до Русија, наведуваат дека руското разузнавање „води непромислена кампања на саботажа низ Европа“. Тие не наведоа конкретни примери, но го споменуваат бранот мистериозни саботажи и пожари поврзани со инфраструктурата во Велика Британија, Германија и балтичките земји. Притоа, не се навраќаат на експлозиите на цевководите од двата крака на Северен тек со кои пред две години беше запрена испораката на евтиниот руски газ во Европа.

Американските разузнавачи, исто така без приужање никаков доказ за тврдењето, наводно спречиле наводен руски заговор и заговор за убиство на извршниот директор на водечки германски производител на оружје. Тие, исто така, предупредуваат на „заканата од руските информативни операции за западните демократии“.

Пишуваат и за „користењето на технологијата што Кремљ ја користи за ширење лаги и дезинформации“. Осврнувајќи се на руската војна во Украина, американскиот и британскиот разузнавачки челник уверуваат дека рускиот претседател Владимир „Путин нема да успее да ги згасне суверенитетот и независноста на Украина“.