Генералниот директот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тдерос Аданом Гебрејезуа изјави ноќта кон понеделникот дека е идентификуван како контакт на лице позитивно на коронавирусот, и оти поради тоа мора да оди во карантин, но додаде дека се чувствува добро и нема симптоми
„Идентификуван сум како контакт налице кое имало позитивен тест на Covid-19. Добро сум и без симптоми, но следните денови ќе бидеам во карантин, во скогласност со протоколите на СЗО и ќе работам од дом“, напишал Тедрот на Twitter пренесе агенцијата Reuters.
Тедрос, исто така, ја исталнува потребата јасно да се усогласат сите препораки за справување со ширењето на коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата на вирусот SARS-CoV-2 од крајот на декември 2019 година, до неелата во светот се заразиле повеќе од 46 милиони луѓе, а над 1,19 милиони починале како последици од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19, чиј патоген е овој нов сој коронавирус.