Со победата на Тотенхем од 2:0 (1:0) на гостувањето кај Лестер заврши саботната програма од 16-то коло од англиската фудбалска лига во коешто Челзи со 2:0 на својот „Стенфорд Бриџ“ го надигра Манчестер Сити, па Ливерпул со триумфот од 4:0 на гостувањето кај Борнмут се проби на врвот од табелата.
За победата и најдобриот клупски стар на сезоната во историјата на Тотенхем се погрижија Хуенг Мин-сонг во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме и Деле Али во 58 минута, Тотенхем со 36 бодови се проби до третото место, зад водечкиот Ливерпул кој има 42 и второпласираниот Манчестер Сити со 41 бод.
Лондонски Челзи стана првиот тим кој оваа сезона во Премиер лигата го порази актуелниот шампион Манчестер Сити. Иако крајната статистика покажува двојно повече удари на Сити кон противничкиот гол, тие немаа доволно прецизност, па Шпанецот Кепа Аризабалага успеа да ја сочува својата мрежа. Челзи од единствената опасна ситуација во првото полувреме дојде до водсво, кога Еден Азар во 45 минута му асистираше на Канте кој влета до втор план и ја закова топката под самата пречка од десетиба метри. Во вториот дел Челзи беше поопасен и во 78 минута Бразилецот Давид Луиз со глава по корнерот што го изведе Азар ги постави конечните 2:0.
Чели со 34 бодови е на четвртото место, колку што има и Арсенал на петтото, дури осм бодови повеќе од шестиот Манчестер Јунајтед и единаесет повеќе од седмиот Евертон кој има и меч помалку.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја прекинаа серијата од четири натпревари во Премиер лигата во кои не успеваа да победат, откако на својот „Олд Трафорд“ со 4:1 (3:0) го победија Фулам. Творец на победата беше англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд кој беше асистент за првите два погодока на „Црвените ѓаволи“, во 13 минута кога стрелец беше Ешли Јанг и во 28 минута кога погоди Хуан Мата, а Шпанцот му аситираше на Ромели Лукако во 42 минута за 3:0. Потоа Рашфорд и самиот беше стрелец во 82 минута со шут од повеќе од 20 метри, а гостите намалија во 67 минута преку пеналот кој го реализираше Камара.
Последнопласираниот Фулам, со само девет бодови, од 68 минута играше со фудбалер помалку, откако втор жолт картон поради невнимателн старт заработи Замбо Ангиуса.
Ливерпул протатне низ Борнмут благодарејќи на најдобриот стрелец во англискиот шампионат од минатата сезона, Египќанецот Мохамед Салаг кои постигна три од четирите голови за „Редсите“. Салах шутираше прецизно во 25, 48 и 77 минута, а Кук кој беше главниот виновник за вториот гол на гостите си постигна и автогол во 68 минута. Борнмут така остана на осмото место на табелата со 23 бодови.
Арсенал со голот на Тореира во 83 минута го совлада Хадерсфилд кој со 10 освоени бодови остана во зоната на испаѓање, на 18-то место.
Барнли, исто така, со еден гол го совлада Брајтон, а стрелец беше Тарковски во 40 минута. Барнли сега има 12 бодови и е само на место од опасната зона, 17-ти е, додека Брајтон е 11-ти со 21 бод.
Еден гол, оној на Патерсон во 74 минута го реши и дуелот на Кардиф кој го пречека Саутемптон. Домашните со новите три бода се одржуваат над зоната на испаѓање од лигата, и сега се 14-ти со исто толку бодови, додека Саутемптон е претпоследен 19-ти со 9 бодови.
Најмногу голови во саботата беа постигнати на мечот кој го доби Вест Хем дома со 3:2 против Кристал Палас, и дојде до третата победа во низа. Гостите поведоа преку Мекартур во 6 минута, но следеше целосен пресврт на домашните со погодоците на Снодграс во 49, Чичарито во 63, Андерсон во 66 минута, а Палас се закани во 76 минута кога гол постигна Шлап. Вест Хем е 10-ти со 21 бод, а Кристал Палас е 16-ти со 12 бодови.
Во недела играат Њукасл и Вулверхемптон, а колото го затвораат во понеделник Евертон и Вотфорд.