Чешки политичар смета дека експлозијата од 2014-та требало да се случи во Бугарија

Првиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Чешката Република, Јан Хамачек, кој истовремено ја извршува должноста шеф на дипломатијата, изјави во неделата дека експлозиите на оружје и муниција од 2014 година во воени магацини во селото Врбетице во близина на источниот град Злин, биле наводно планирани кога таа пратка ја примил добавувачот во Бугарија.

„Да, може да се каже така“, изјави Хамачек одговарајќи на прашање на водителот на емисијата на Воцлав Моравец на чешката јавна телевизија дека експлозиите наводно биле планирани за 3-ти декември споменатата година, кога пратката со оружје и муниција требало да биде примена во Бугарија.

„Во врската со истрагата за експлозиите се равива меѓународна соработка, вклучително и соработка со Бугарија“, прецизира Хамачек одговарајќи на прашањето дали цел на наводната руска разузнавачка диверзија би можел да биде 67-годишниот сопственик на бугарската компанија за трговија со вооружување „Дунарит“, Емилијан Гебрев.

Во февруари 2019 година тогашниот бугарски државен обвинител Сотир Цацаров изјави дека Сергеј Федотов, осомничен во Англија за наводен обид за убиство врз поранешниот осуденик за шпионажа во полза на Велика Британија, Сергеј Скрипал, трипати престојувал во Бугарија во 2015 година, од што еднаш во април кога бил отруен локалниот трговец со оружје Емилијан Гебрев. Во октомври претходната годин, поратлот Фонтанка кој е регистриран во русија а финансиран од странски извори, објави дека Федотов е наводно агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ е наводно третиот осомничен во случајот Скрипал.

Во 2014 година во чешкото село Врбетица експлодираа две складишта со муниција кога загинаа две лица на локалната копанија „Imex Group“ кога ги изнајмила магацините од државнот претпријатие Воено-технички институт. Првата се случи на 16-ти октомври, кога експлодираа 50 тони муниција. Фрагменти од муницијата биле расфрелни во радиус од 800 метри од складиштето. Поради тоа, беше изведена евакуација на целото локално население.

Втората детонација се случи на 3-ти декември, кога експлодираше магацин во кој имало 13 тони експлозив. И ова складиште било изнајмено од компанијата „Imex Group“ и се наоѓало на 1.200 метри од објектот уништен во експлозијата на 16-ти октомври. И тогаш беше изведена евакуација на околу 430 жители на Врбетица и на околните села. Портпаролот на „Imex Group“ тогаш изјави дека во магацините биле чувани автоматски пушки и артилериски гранати. Тој целосно ја исклучи можноста од грешка или нивно спонтано самозапалување.

Како што повтори Хамачек во неделата, руските специјалисти за диверзии од военото разузнавање учествувале во двете експлозии во Врбетица. Според него, притоа се случило нешто што не го планирале ниту самите оние кои ги поставиле експлозивните направи на територијата на складиштето.

„Се случило нешто што не било планирано. Веројатно дека втората експлозија се случила во ситуација којашто не била планирана“, тврди чешкиот функционер.

Чешкиот вицепремиер додаде дека полицијата ќе испрати барање до Русија за правна помош во истрагата за инцидентот во Врбетица и ќе се обиде „да ги испраша“ Русите Александар Петров и Руслан Баширов, за коишто во саботата чешките власти распишаа меѓународна потерница.

„За двајца мажи кои полицијата ги поврзува со експлозиите од крајот на 2014-та во магацините во Врбетица се знаеше уште од самиот почетокот, со помош на видеокамерите. За тоа дека станува збор за службеници на ГРУ стана јасно во 2018-та кога нивниот идентитет беше утврден во врска со обидот да го отрујат Сергеј Скрипа и неговата ќерка со нервниот агенс новикоч“, тврди Хамачек.

Како што објави чешкиот весник „Лидове новини“ во неделата, чешкото разузнавање смета дека Петров и Боширов се агенти на руското воено разузнавање ГРУ и наводно биле во близина на магацинот на 15-ти октомври 2014 година, ден пред првата експлозија. Официјално, чешката полиција не објави за врска меѓу експлизиите во складиштето за минуција и потерницата по двајца руски државјани.

Според западните служби станува збор за псевдоними кои ги користеле двајца припадници на руската ГРУ кои британските обвинители ги обвинија за наводно труење со „новичок“ на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англиски Салзбери во пролетта 2018 година. Двајца руски државјани со посочените идентитети се појавија своевремено на руската телевизија и потврдија дека престојувале во Англија, но нема докази дека тие Петров и Боширов се припадници на ГРУ, што самите го отфрлаат и се претставуваат како мали претприемачи.

Во саботата чешкиот премиер Андреј Бабиш и вицепремиерот Јан Хамачек најавија протерување на 18 дипломати и службеници во руската амбасада во Прага, кои според чешките агенции се „офицери на руските специјални служби“. Образложение за овој потег во контекстот на ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија е наводното учество на „офицери на руското воено разузнавање“ во експлозијтата во 2014-та во Врбетица.

Русија во неделата остро протерстираше до чешките власти кои добија поддршка од сојузниците во ЕУ и во НАТО, и најави преземање рецупрочни врски. Како што се истакнува во изјавата на руското Министерство за надворешни работи станува збор за „одлука без преседан“ на властите на Чешка донесена „под неосновани и измислени изговори за вмешаност на руските специјални служби во експлозиите во 2014-та“.

„Уште поапсурден е овој потег, бидејќи претходно чешките власти ги обвинија за експлозиите компаниите во чија сопственост се магацините“, се истакнува во изјавата на руската дипломатија за која чекорот на Прага претставува „непријателски чин“ кој е „продолжение на антируските акции кои ги презема Чешка последните години“ и дека во нив „не може да не се забележи американската трага“.