Чешкиот претседател Земан има цироза на црниот дроб

Чешкиот претседател Милош Земан е хоспитализиран поради цироза на црниот дроб и во моментов му е вбризгјана сонда за хранење, објави во петокот вечерта чешката новинска агенција  ČTK повикувајќи се на членот на лекарскиот конзилиумм, хирургот Павел Пафко.

„Претседателот има хронично заболување на црниот дроб. Поточно цироза на црниот дроб. Карактеристично за оваа болест е што може да се развива долги години без или со минимални знаци“, рекол лекарот.

Земан, страствен пушач боледува од дјабетес кој ги оштетил и неговите нерви, па поради невропатијата која му предизвикува проблеми во нозете од пролетва почна да користи инвалидска количка

Според Пафко, кој своевремено го оперираше првиот чешки претседател по падот на комунизмот Вацлав Хавел, во желудникот на земан е поставена сонда за хранење.

„На претседателот во моментов му е ставен PEG (цевче за перкутана ендоскопска гастростомија). Колку долго сондата ќе биде таму, меѓу другото, зависи и од тоа колку цврсто претседателот ќе се придржува до диетата пропишана од лекарите“, рекол Пафко истакнувајќи дека сондата на Земан му била поставена уште првиот ден на хоспитализацијата.

Додал дека е премногу рано да се зборува за времето кога Земан би можел да биде отпуштен од болницата, и според негова оцена тоа би можело да потрае три до четити седмици.

Претходно, како што објави агенцијата Reuters, лекарите констатирале подобрување на здравствената состојба на Земан, но нагласиле дека е подобро да остане во болница. Шефот на лекарскиот конзилиум Томаш Зима не можел да каже кога чешкиот претседател ќе биде отпуштен од болницата.

На 10-ти октомври веднаш по средбата со тогаш премиерот на заминување Андреј Бабиш во претседателската резиденција надвор од Прага, 77-годишниот Милош Земан беше примен на одделот за интензвина нега во Централната воена болница во чешката престолнмина. Овој четврток според медиумите бил префрлен на редовен болнички оддел.

Според најавите, претседателот Земан во саботата во болницата ќе го прими кандидатот за нов премиер од двете коалици на либералните партии Петр Фиала за официјално да му го даде мандатот за состанување на новата чешка влада. Со тоа ќе отпадне привременото пренесување на овластувањата на шефот на државата поради здравствени причини, што беше предложено претходно седмицава во Сенатот, горниот дом на чешкиот парламент.

И кон средината на септември Земан беше хоспитализиран во Централната воена болница, каде што мина осум дена, а и тогаш неговата служба за односи со јавноста не ја откри причината за хоспитализирањето. Подоцна на веб-страницата на Прашкиот дворец, преседателската резиденција, беше објавено дека станувало збор за детални прегледи и оти лекарите направиле компјутерска томографија, ултразвучно скенирања и земале крва за анализа, како и дека прегледот не открил никакви заболувања или здравствени проблеми.