Чешкиот претседател Земан не може да ја извршува должностa, објави спикерот на Сенатот

Чешкиот претседател Милош Земан во моментов не може да ја извршува својата должност, изјави во понеделникот претседателот на горниот дом на парламентот Милош Вистричил, откако добил извештај од Централната воена болници во Прага каде шефот на државата е сместен на одделот за интензивна грижа повеќе од една семица, во периодот кога треба да се именува мандатарот кој ќе ја состави новата влада.

Претседателот на Сенатот, Милош Вистричил, изјавил дека е малку веројатно дека претседателот на државата Милош Земан ќе се врати на работа следните седмици, пренесе локалната радио станица Radio Prague International.

Кабинетот на чешкот претседател ги одбива барањата за давање информации за состојбата на претседателот, поради што и Вистречил се обратил директно во болницата.

„Шансите за негово рано закрепнување се крајно неизвесни. Според мислењето на Централната воена болница, претседателот Милош Земан, во моментов, од здраствени причини, не е подготвен да ги извршува своите должности“, го цирите радиото Вистричил.

Истакнал дека во вторник во Сенатот ќе се диксутира за можноста за примена на членот 66 од чешкиот Устав за пренесувањата на овластувањата на Земан врз други функционери, вклучително и изборот на мандатарот за новата влада по парламентарните избори одржани на 8-ми и 9-ти октомври. Како што наведува Radio Prague International, овластувањата би можело да бидат поделени меѓу премиерот и спикерите на двата дома на параментот.

За носење на таквата одлука потребна е поддршката и на двата дома на парламентот. Долниот дом би требало првпат да се состане во новиот состав на 8-ми ноември.
Земан заврши во болница ден по изборите, и само 45 минути откако во својата претседателска резиденција надвор од Прага се состана со премиерот на заминување и негов полички сојузник Андреј Бабиш.

Двете опозициски коалиции, Заедно од десницата и либералниот сојуз на Пиратската партија и Партијата на градоначалниците, освоија вкупно 108 мандати од 200-те во долниот дом на чешкиот парламент. Но поединечно најбројна партија е ANO на Бабиш, па двете коалиции објавија дека сакаат заедно да ја формираат владата.

Бабиш, милијардер со словачко потекло и лидер на партијата ANO, кон крајот на минатата седмица изјави дека е подготвен да ја предаде власта.

Земан, страствен пушач боледува од дјабетес кој ги оштетил и неговите нерви, па поради невропатијата која му предизвикува проблеми во нозете од пролетва почна да користи инвалидска количка. Медиумите тврдат дека при пристигнувањето во болницата тој бил во бесвесна состојба. Сепак, шефот на претседателската администрација Вратислав Минарж подоцна за новинарите изјави дека Земан само спиел, а следниот ден по приемот од болницата објавија дека претседателот е во „стабилна состојба“. Минатиот четврток, спикерот на долниот дом на парламентот Радек Вондарчек изјави, исто така, дека шефот на државата е „добор расположен и кажува шеги“.

И кон средината на септември Земан беше хоспитализиран во Централната воена болница, каде што мина осум дена, а и тогаш неговата служба за односи со јавноста не ја откри причината за хоспитализирањето. Подоцна на веб-страницата на Прашкиот дворец, преседателската резиденција, беше објавено дека станувало збор за детални прегледи и оти лекарите направиле компјутерска томографија, ултразвучно скенирања и земале крва за анализа, како и дека прегледот не открил никакви заболувања или здравствени проблеми.

Чешките медиуми постојано ја следата состојбата со 77-годишниот претседател, бидејќи тој иако има главно церемонијални обврски ја има клучната улога во процесот на меѓупартиските преговори и формирањето на новата влада.