Четворица цивили се убиени а уште 11 се ранети во тешка размена на оган меѓу граничните полициски сили на Индија и на Пакистан во оспоудваната покраина Кашмир, соопштија во саботата официјални претставници.
Неколку кршења на докогорот за прекин на огнот се регистрирани во граничната провинција по тензиите меѓу двете нуклеарни сили кои ескалираа претходно седмицава со воздушни битки, што поттикна стравување во светот од судир од пошироки размери.
Дваесет и четиригодишна жена и нејзините две деца се убиени во округот Понш, во индискиот дел од Кашмир, во текот на гранитирањето на пакистанските сили по линијата на разграничувањето кое траело целата ноќ, соопшти полицискиот функционер Рамеш Кумар Анграл. Нејзиниот сопруг е во тешка состојба, додал. Уште седум цивили се ранети во престрелки во близина на Ури во петокот, јавуваат медиумите.
Во пакистанскиот дел од Кашмир, локални службеници соопштија дека во индиското гранатирање било убиено момченце, а повредени се уште три други лица, во округот Котли доцна во петокот ноќта.
Кашмир, хималајска област со муслиманско мнозинство, е предмет на удири повеќе од 70 години, откако Велика Британија по завршувањето на нејзината колонијална ера на Индискиот потконтинент влијаеше врз одвојувањето на муслимански Пакистан и хиндуистичка Индија. Кашмир е поделен меѓу Индија која управува со Кашмирската долина и регионот со хиндуистичко мнозинство околу градот Џаму, потоа Пакистан кој ја контролира територијата на западот, и Кина која го контролира ретко населеното високо подрачје на северот.
Граничните судири доаѓаат само неколку часа откако пакистанските власти го ослободија индискиот пилот како гест на добра волја за да се смират тензиите. Пилотот беше соборен во средата во текот на воздушна битка со пакистански авиони, а откако се катапултирал беше заробен.
Ден претходно, индиското воено воздухопловство соопшти дека погодило камп за обука на исламистичката групација Џаиш-е-Мохамад (Војската на Мухамед – JeM) во делот на Кашмир кој е под контрола на Пакистан, а којашто ја презема одговорноста за самоубиствниот напад на 14-ти февруари кога беа убиени 44 припадници на индиските воени сили.
Пакистан и Индија досега војуваа трипати, од кои двапат токму поради регионот Кашмир. Договорија прекин на огнот во 2003 година, но ова примирје често се нарушува, а нивните безбедносни сили меѓусебно се обвинуваат за гаѓање воени пунктови и на локалното цивилно население.