Приватизацијата на Телеком Србија влегува во завршна фаза, а според сознанијата на „Б92“ на јавниот оглас стигнале четири понуди.
Се очекува понудите да бидат отворени до крајот на неделава.
Српските медиуми пишуваат дека за купувањето на Телеком Србија се заинтересирни Телеком Словенија, како и Телеком Кина.
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, посочи дека Телеком Србија ќе биде продаден доколку се добие поволна цена, а во спротивно тоа нема да се случи.
Од друга страна, синдикатите се спротивствауваат на продажбата на Телеком Србија, поради што минатата недела организираа и протест пред владата на Србија.
Која е цената под која српски Телеком нема да се продаде не се знае. Медиумите невадуваат дека нема да се оди под 1,5 милијарди евра, додека наводно америкнски Аполо нудел 1,2 милијарди евра.